Десничарската француска партија Национално Собрание денеска го избра Џордан Бардела (27) за нов претседател, а тој ќе ја наследи Марин Ле Пен на таа функција.
Бардела освои 84,84 отсто од гласовите на членовите на партијата, а неговиот противкандидат Луи Алио 15,16 отсто. Бардела стана првиот партиски лидер кој не е член на семејството Ле Пен.
Тој е член на Европскиот парламент.
Марин Ле Пен стана претседател на Националното собрание на 16. јануари 2011 година, со што го наследи својот татко Жан-Мари Ле Пен на таа позиција. Тој беше претседател на партијата од нејзиното основање во 1972 година.
Марин Ле Пен денеска изјави дека нејзината оставка од функцијата претседател на конзервативно десничарската партија Национално Собрание не значи дека ја напушта партијата. „Не го оставам Националното Собрание да се одморам, останувам активна… Ќе бидам таму каде што и требам на земјата“, рече Ле Пен.