Македонија

За партијата на Љубчо бугарите во уставот се историска придобивка

Љубчо Георгиевски за РСЕ: Сакав да го решам проблемот со името, ама од СДСМ не ми дозволија

За ВМРО-Народна партија, прифатлива е промена на преамбулата по моделот на Уставот на историското ВМРО, велат од партијата, со што се вклучуваат во дискусијата за уставните промени.

„Според Уставот објавен во книгата ‘ВМРО 1893-1903 година – поглед низ документи’ во Скопје 2013 година од авторот Ванчо Георгиев – македонски историчар и професор на Универзитетот ‘Свети Кирил и Методиј’, читаме во член 3: „Член на БМОРК може да биде секој Бугарин, без разлика на полот…“ и член 15, каде што се дефинира заклетвата на секој вмровец: „се заколнувам во Бога, верата и својата чест дека ќе се борам до смрт за слободата на Бугарите во Македонија и Одринско…“ Инаку, овој Устав е напишан од Гоце Делчев и Ѓорче Петров.

ВМРО-Народна партија смета дека ако на историското ВМРО не му пречеле Бугарите, тогаш нема потреба денеска да се плашиме од нив“, додаваат од ВМРО-Народна.

Од партијата сметаат дека посебна одговорност за позитивен однос кон овие уставни промени имаат токму партиите што го носат предзнакот или името ВМРО.

Ова е уште една од низата изјави на Георгиевски кои недвосмислено го потврдуваат неговиот став за негирање на Македонската самобитност.

Related posts

Leave a Comment