Македонија

За Русите нема дилема, Гоце Делчев е Македонски народен херој

Можно е да е слика од ‎1 лице и ‎текст кој вели „‎ר×× посольство россии MK @Russian @Russian_Emb_MKD пред 118 години загинал македонскиот народен xepoj, гоце делчев. идеалите на борбата за слобода, на кои OBOj извонреден револуционер им го посветил CBOjOT живот, ce релевантни BO секое време. Translate Tweet 9:21 AM 921AM-May42021witterp May 2021 Twitter Web App‎“‎‎

Пред 118 години загинал македонскиот народен херој, Гоце Делчев. Идеалите на борбата за слобода, на кои овој извонреден револуционер им го посветил својот живот, се релевантни во секое време.

Вака гласи официјалното одбележување на 118 годишнината од смртта на нашиот великан Гоце Делчев, на Твитер профилот на амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

Во период на агресивно негирање на нашето историско наследство од страна на соседите, а посебно обидите на Бугарија да го претстави Гоце Делчев како бугарски деец, руската амбасада уште еднаш го потврди ставот на својата земја кон Гоце и општо кон нашата историја во целина.

Благодарност до братска Русија.

Related posts

Leave a Comment