Македонија

Заев бара организирање на брзи предвремени избори

 

Премиерот Зоран Заев побара организирање на брзи предвремени избори на кои граѓаните ќе се изјаснат во кој правец треба да движи Македонија. На државата и е нанесена огромна неправда, а Европската унија не остана на ветеното и ја направи најголемата историска грешка бидејќи не ни даде датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Премиерот се заблагодари на европските лидери кои се бореа Мекедонија да добие датум, но очигледно нерешените внатрашни работи во унијата се главната причина поради која не добивме датум. Со предлогот за предвремени избори премиерот ќе оди на утрешната лидерска средба што ја организира председателот Стево Пендаровски.Тој не објасни дали ќе поднесе одговорност за лошите проценки кои тој и неговата влада ги имаа во врска со европските перспективи истовремено правејќи катастрофални договори во име на државата кои резултираа со промена на уставното име на Македонија и ревизија на историското и културното наследство а се во интерес на наводните ,,европски” перспективи на државата.

Related posts

Leave a Comment