Македонија

Заев ги повика граѓаните да ја испорачаат правдата

На синоќешниот “спонтан” марш пред судот во Скопје, Заев им се заблагодари на 80-мината што гласаа за Законот за ЈО и не пропушти да се пофали дека ‘целосно ги поразил‘  наводните опоненти, ‘на тема правда‘.  Не` повика сите , неговите почитувани сограѓани, да се охрабриме, да го искористиме ‘моментот‘! На Судиите, обвинителите, поротниците им порача да се ослободат:  Судии, обвинители, поротници! Ослободете се, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту нивните инсталации не ви можат ништо!

Можеме да забележиме уште еден монтипајтоновски блесок:

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од вчера се целосно поразени на тема правда. И вчера целата јавност тоа го виде. Успеавме да обезбедиме двотретинско мнозинство и ве повикувам со огромен аплауз да им се заблагодариме и да ги поздравиме нашите 80 пратеници од македонскиот парламент. Затоа почитувани сограѓани, треба да се искористи овој момент, сите да се охрабрат. Судии, обвинители, поротници! Ослободете се, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту нивните инсталации не ви можат ништо! Граѓаните, нашиот народ од кои што земаме плата, очекуваат правда – на вас е да ја испорачате правдата во Република (онаа додавка на ‘с‘)  Македонија“.

Related posts

Leave a Comment