Премиерот Зоран Заев се врати од Брисел, каде пред дводневниот самит на ЕУ побара од европските лидери да донесат одлука за отворање на пристапни преговори на Македонија со Европската Унија.
„Во моментов во Владата течат политички консултации на премиерот со министрите“, потврдија извори од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК. Тие велат дека ги следат случувањата во Брисел, дека се во контакт со некои странски државници и се разгледуваат и анализираат сите опции, вклучително и оставка на премиерот Зоран Заев и вреќање на мандатот.
Дознаваме дека од урово има консултации и во партиското седиште на СДСМ.
Одлуката дали земјава ќе добие датум за отпочнување на пристапните преговори, европските лидери треба да ја донесат и соопштат денеска, откако на првиот ден од самитот не беше постагнат договор поради ветото на Франција.