ЕДИНИЦИТЕ на Народната милиција на Доњецката Народна Република ги заплениле документите на јуришниот вод на украинскиот националистички баталјон „Ајдар“, соопшти војската на ДНР.
Во соопштението се наведува дека документите се пронајдени на местото на уништениот штаб на 53-та бригада на украинските сили во Волноваха.
Меѓу другото, на име на поручникот Суљев е пронајдена наредба за мобилизација, прирачник за минирање, како и дневник со натпис „Ако сакаш мир, подготви се за војна“ на украински јазик.
Да потсетиме, Русија на 24 февруари започна специјална операција со цел демилитаризација и денационализација на Украина.