Свет

Започнат првиот ирански ракетен напад врз американски воени инсталации во Ирак

Американски официјален претставник за мрежата АБЦ потврди дека иранските балистички ракети биле лансирани на повеќе американски воени објекти во Ирак, вклучувајќи го и Ербил во северен Ирак и воздушната база Ал Асад на запад.

Американската воздушна база Аин Ал Асад во која се стационирани повеќето американски трупи во регионот Анбар во Ирак е погодена со повеќе од 50 ракети, според првичните извештаи.

Некои места известуваат за жртви меѓу американските окупациони сили.

 САД и Иран веќе стојат на работ на отворена војна.

Техеран вети „жестока одмазда“ спрема Вашингтон откако по минатонеделниот напад со беспилотно летало, беше убиен амбасадорот на „Кудс силите“, генералот Касем Солејмани, на меѓународниот аеродром во Багдад, заедно со неколку водачи на ирачката шиитска милиција.

Изјава од ИРГЦ:

„Храбрите војници на воздушната единица на ИРГЦ започнаа успешен напад со десетици балистички ракети врз воената база Ал Асад во име на маченичкиот генерал Касем Солејмани

Ние ги предупредуваме сите сојузнички држави на САД дека доколку бидат извршени напади од бази во нивните земји врз Иран, тие ќе бидат цел на воена одмазда “

Американскиот претседател Трамп веќе е информиран за нападот на Иран врз позициите на САД во Ирак.

„Ние сме свесни за извештаите за напади врз американски објекти во Ирак“, рече во вторникот портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам.

Се известува и за американски авиони кои полетуваат и од базата Инџирлик во Турција.

Related posts

Leave a Comment