Англиските фудбалери се пласираа во финалето на Европското првенство, но начинот на кој беше постигнат тој резултат не е за пофалба. Далеку од тоа …
Не само што холандскиот судија Дани Мекели им даде пенал на дуелот со Данците во првото продолжение, по што стигнаа до финалето со Италија, туку и поради начинот на кој се однесуваа по стекнувањето на предноста.
Ја чуваа топката, враќајќи ја дури до голманот, што, да бидеме јасно, е сосема легитимна работа, но … Сите зборуваат за „фудбалот се враќа дома“, само за каков фудбал станува збор? Дали е ова фудбалот што треба да се врати?
Да земеме предвид и дека Данците беа психолошки исфрлени поради сомнителен пенал, подоцна во 107-та минута останаа со играч помалку , бидејќи наместо повредениот Јенсен немаше кој да влезе, тие ги направија сите шест измени.
И, тогаш замислете, девет Данци трчаат низ целиот терен за топката што себично ја чуваат десет Англичани, честопати враќајќи ја во нозете на голманот Пикфорд ?!
Тоа не е фудбалот што го сакаат и за кој се залагаат навивачите. Во ред е да се задржи резултатот, и јасно е дека на крајот се паметат само победите, дека сè брзо паѓа во заборав, но да се добие пенал како подарок и потоа со играч повеќе да се игра од нога до нога и со тоа да се „убие“ времето, не е фудбал што треба да се врати.
Англичаните ја имаа топката во своја сопственост две минути и 40 секунди без запирање, реализираа 53 успешни додавања, но … Со тоа не убедија никого. Напротив!
England kept the ball for 2 minutes and 40 seconds at the end of extra time against Denmark.
53 consecutive passes to close out the game and reach the final. pic.twitter.com/3pLh66DXpV
— bet365 (@bet365) July 8, 2021
Има сè повеќе луѓе кои гласно се прашуваат како фудбалот се враќа дома воопшто? Добро, Англија е лулка на фудбалот и една од двете најстари фудбалски земји, но „Гордиот Албион“ освои само една светска титула и тоа во далечната1966 година на Вембли.
Освен тоа, до сега тие никогаш не биле актери во финалето, па сосема логично е прашањето како тоа фудбалот се враќа дома …