Свет

Захарова: Западот да го одврати Киев од опасните потфати

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска го повика Западот да го искористи своето влијание за да ја одврати Украина од плановите за употреба на т.н. валкана бомба.

„Го повикуваме Западот да влијае на неговите украински штитеници да го напуштат овој многу опасен и ризичен потфат. И не само овој, туку и сите оние зафати, активности и дејствија што можеме да ги наречеме нуклеарна уцена, бидејќи сето тоа води до неповратни последици и можна масовна смрт на невини цивили“, рече Захарова на прес-конференцијата.

Таа оцени дека Киев користи „нуклеарна уцена“ за да добие поголема воена и финансиска помош од Западот, пренесува Захарова. „Сосема е можно режимот во Киев да ја користи оваа нуклеарна уцена за да обезбеди поголема финансиска и воена помош од Западот“, рече Захарова, пренесува Тасс.

Таа, исто така, смета дека оваа помош не е помош за народот, ниту за одбрана на Украина, туку за претставниците на режимот бидејќи, како што вели, голем дел од овие средства веднаш се депонираат на нивните приватни сметки.

Related posts

Leave a Comment