Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифинг изјави дека Украина станала место каде не само западното оружје, туку и огромен број платеници се собираат.
Според неа, земјите од колективниот Запад испраќаат платеници во Украина и покрај тоа што во голем број земји платеникот е забранет на законодавно ниво.
„За осум месеци – осум илјади платеници. Најмногу од Полска, САД, Канада. Уништени се повеќе од три илјади милитанти, исто толку беа испратени дома“, рече Захарова.
Според неа, ваквата западна помош само го продолжува конфликтот и ги прави земјите кои испраќаат војска и оружје да бидат страни во конфликтот.
Претходно беше објавено дека Русија успеала да утврди вмешаност на британски специјалисти во подготовката на напад на пристаништето Севастопол.