МОСКВА – Нападите на украинската армија врз нуклеарните постројки во Запорожје покажуваат дека целта на режимот во Киев е да предизвика нуклеарна катастрофа во цела Европа, изјави денеска на прес конференција портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Во Украина продолжуваат провокациите кои создаваат закани за нуклеарните капацитети. На 18 јули вооружените сили на Украина употребија авион без екипаж за напад на територијата на нуклеарната централа Запорожје. Нападот се случи во непосредна близина на безбедносните критични објекти на нуклеарната централа – складиштето за потрошено нуклеарно гориво и резервоарите за ладење на реакторот. Само со чиста среќа не дојде до оштетување на опремата и нуклеарна катастрофа“, истакна Захарова, пренесува ТАСС.
На 20 јули годинава, украинските вооружени сили повторно ја гаѓаа со беспилотни летала нуклеарната централа Запорожје, што потврдува дека украинските власти имаат за цел да предизвикаат нуклеарна катастрофа не само на нивната територија, туку и низ цела Европа, нагласи Захарова,.