Русија на британската амбасадорка во Москва, Дебора Бронер ќе и достави докази за вмешаноста на Велика Британија во нападот на базата на Црноморската флота во Севастопол и чинот на саботажа на гасоводот Северен тек, а потоа ќе ги открие основните информации на пошироката јавност, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Секако, нема сомнеж дека британските разузнавачки служби биле вмешани во терористичкиот напад на базата на Црноморската флота во Севастопол на 29 октомври и чинот на саботажа на гасоводот Северен тек. Нема да помине без реакција. Тоа го констатиравме во Советот за безбедност на ОН. Јавно зборувавме за тоа. И, се разбира, како што веќе реков, наскоро ќе биде поканет и британскиот амбасадор и ќе и дадеме релевантни информации, рече Захарова на прес-конференцијата, а пренесе агенцијата ТАСС.
Таа вети дека во суштина истите податоци, кои како доказ ќе и бидат доставени на британската страна, ќе бидат достапни за пошироката јавност.
Во конкретниот случај ќе почитуваме одредени процедурални формалности. Штом поканетиот амбасадор ќе ја посети нашата зграда на плоштадот Смоленск, ќе ја споделиме оваа информација, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.
Таа додаде дека ќе биде објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и на сметките на социјалните мрежи.
Захарова оцени дека „Киев во моментов користи фашистички методи на војување, сè повеќе наликувајќи на екстремистички групи, како Исламската држава или Ал Каеда“.Ова го потврдуваат поморските воздушни напади што ги извршија украинските вооружени сили на 29 октомври врз бродовите и инфраструктурата на руската Црноморска флота во Севастопол. Овие акции на Киев беа спроведени под водство на британски експерти. Русија ја информираше меѓународната заедница за овој инцидент на седницата на Советот за безбедност на ОН, рече Захарова.