Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски .
„Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека би можеле да користиме американски повеќе ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Гледате, ние не планираме да ја нападнеме Русија. Не сме заинтересирани за Руската Федерација и не се бориме за нивната територија“, рече Зеленски во интервју за американската телевизија Newsmax.
Тој посочи дека Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија бидејќи во прашање е нејзината независност и суверенитет, пренесува Тасс.
Тој додаде дека, сепак, има проблеми околу одредени територии и оти може да се разговара за детали.
„Преговорите се неопходни за да се решат овие проблеми и предизвици преку дипломатски канали“, рече Зеленски.