Регион

ЗЛОСТОРНИКОТ СЕ ВРАТИ НА МЕСТОТО НА ЗЛОСТОРОТ : Вилијам Вокер „формира“ влада во Приштина

 

Поранешниот началник на мисијата за верификација на ОБСЕ во Косово, Вилијам Вокер разговара со водачите на косовската демократска алијанса во Приштина, јавуваат косовските медиуми

Вокер, кој лобира за интересите на движењето Самоопределување последниве години, пристигна во Приштина само два дена откако косовскиот претседател Хашим Тачи ги предупреди лидерите на ДСК и Самоопределување да формираат нова влада што е можно поскоро.

Сè уште не е познато дали Вокер ќе се сретне и со водачот на Самоопределување, Албин Курти.

Иако изборите во Косово се одржаа пред три месеци, лидерите на партиите кои добија најмногу гласови сè уште не постигнале договор за формирање нова влада.

Според извештаите на приштинските медиуми, има нови понуди на маса и дека Иса Мустафа и Албин Курти ги продолжуваат преговорите.Вокер на Косово престојува на покана на в.д. премиерот Беџет Пацоли.Весникот„Експрес“потсетува дека Вокер е на Косово по повод 21-годишнината од настаните во Рачак и дека е организирана посета на партијата предводена од Иса Мустафа за да разговара за коалицијата со Самоопределување.

 

Related posts

Leave a Comment