Владимир Путин го напиша еден од наjважните текстови во досегашната државничка кариера – за последниве години во еден ред со овој текст можат да се стават само кримскиот говор од 17 март 2014 , и – настапот во Минхен во фебвуари 2007 г.
Сегашниот текст нема да стане говор – статиjата под име 75 години од Големата Победа : заедничка одговорност пред историjата и иднината> беше отпечатана во американскиот магазин The National Interest.
Да се прераскаже статиjата е комплексна задача, секоj збор во неа има значење, и без на големиот обем , таа се чита во еден здив. Да, статиjата е ,адресирана, пред се до Западот, но важна е во глобална смисла. Затоа што статиjата дава стамен поглед за причините за започнување на Втората светска и лекциите кои можат да се научат , а тие претставуваат проблем за ,, современото ,, читање на историjата , каj дел од западната цивилизациjа. Но , В.В. Путин не пишува само за тоа , но и за обидите да се препише историjата на воjната ,кои можат да доведат до нова трагедиjа. И , го обjаснува механизмот коj што помага да не се случи глобална катастрофа.
Статиjата истовремено емоционална ,но со концентрирана фактографиjа – некои од фактите се малку познати и за експертите – историчари.
На пример , претседателот Путин пишува : < Во септември 1939 година советското ракрводство , согласно договорот со Берлин , имало можност да ги превижи сопствените граници на запад до Варшава , но донеле решение да не се прави тоа, затоа што СССР , до последен момент се трудел да го избегне учеството во разгорениот конфликт и не сакал да игра на страна од Германиjа >. За подоцна , реалниот контакт на советските и германските воjски да се случи многу поисточно од договорениот таен протокол за границите , не по линиjата на реката Висла, туку по линиjата на Керзон.
Т.е. СССР се ограничил само со враќање на западно-украинските и западно-белоруските земjи – и В.В.Путин ги цитира зборовите на поранешниот англиски премиер-министар Лоjд Џорџ : < Руските армии зафатиjа територии , кои не се полски ,тие биле освоени од Полска после Првата светска воjна. Би претставувал акт на престапно безумие обидот да се изедначат руската и германската промоциjа на вредности>.
Концепциjата на рускиот претседател е прецизна и jасна: Втората светска воjна не започнала одеднадеж , детонаторот за неjзиното активирање не бил пактот Молотов- Рибентроп, а Минхенскиот заговор ,договорен меѓу западните држави со Хитлер во август 1939 година. Уште подлабока причина бил Версаj , односно резултатот од Првата светска воjна и вградениот после неа меѓународен систем. Вграден , меѓудругото без СССР и според многу показатели против СССР , но во прв ред против Германиjа. Врховниот командант на соjузничките воjски , францускиот генерал Фош , пророчки го окаректеризирал Версаjскиот договор :<Ова не е мир , ова е примирjе на дваесет години>.
Националното понижување , формирало хранлива животна средина за радикални и реваншистички чувства во Германија. Нацистите ,вешто играа со тие чувства , ветиjа дека ќе jа ослободат Германиjа од , Версаjското наследство , ќе го вратат стариот сjаj и сила , а всушност го туркаа германскиот исфрустиран народ во нова воjна.
Парадоксално , но САД и ВБ имале директно учество во неjзиното разгорување. Нивните финансиски и индустриски кругови прилично активно инвестирале капитали во германските фабрики и фирми – производители на воена техника и опрема.
Како гарант за долгорочен мир била формирана Лигата на Нации , прогресивна идеjа ,по оценка на Владимир Путин, но таа jа демонстрарала своjата неефективност, едноставно тонеjќи во празни разговори.
Благодарение на доминациjата спрведена од државите – победнички – Велика Британиjа и Франциjа , многуброjните апели на СССР за формирање рамноправен систем за колективна безбедност не биле слушнати. На пример : < бил проигнориран предлогот за создавање источно-европско и тихоокеанско пактирање, кои би можеле да бидат препрка за агресорот > .
Со согласност од Лигата на Нации се случило и расчленувањето на Чехословачка , после Минхенскиот заговор , против кое истапила само СССР.
Минхенскиот заговор му покажа на Советскиот Соjуз , западните земји ќе ги решаваат безбедносните прашања без да водат сметка за неговите интереси , а при првиот удобен случаj можат да формираат антисоветски фронт. Но , без оглед на дволичноста од западните лидери , СССР стапи во антихитлеровата коалициjа.
Истиве заклучоци се запишани и од Сталин , коj може справедливо да се обвини за злочините врз сопствениот народ и масовните репресии , но не и во отсуство на разбирање карактерот на надворешните опасности.
Воедно , В.В.Путин напоменува < Хитлер во неколку наврати се обидел да предизвика судир меѓу Велики Британиjа и Советскиот Соjуз, но советското раководство не се согласило на хитлеровите убедувања- тоа е историски факт коj претпочитаат да го заборават тие кои го набедуваат СССР за предизвикување на воjната. И наместо да го признаат клучното значење на Минхенскиот заговор, или да ги отворат за jавноста сите материjали од разговорите со Хес, тие продолжуваат да jа влечат истата линиjа :Виновни се Хитлер и Сталин. Т.е. спроведуваат ревизиjа на историjата , што може да има многу сериозни последици>
Путин отворено негодува над подлоста и предавството врз сеќавањата и изживувањето над спомениците посветени на воините , како и хероизациjата на нацистите.
Целата евроинтеграциjа и сите европски структури , вклучително и Европарламентот , станаа реалност < само благодареjќи на лекциите напишани во минатото , нивите строги правни и политички оценки >
Притоа , европската иднина не зависи од самата Европа , а од вградениот систем , после Втората светска воjна , на меѓународни односи . Имено на , Jалтскиот систем на меѓународни норми, му е посветен завршниот дел од оваа статиjа.
Квинтесенциjа на интелектуалните и политички пограги во период од неколку векови е послевоениот Jалтски систем. Сталин , Рузвелт и Черчил покажале огромна политичка волjа, се подигнале над несогласувањата и личните страсти и ги поставиле на прво место вистинските интереси на Светот.>
Самиот факт за избегнување Трета светска воjна во време на ладната воjна – е доволен показател за ефективноста на Jалтскиот систем, коj што е неопходно да се искористи и денес.
Затоа , В.В.Путин ги нарекува неодговорни повикувањата за одземање правото на вето за постоjаните членки во СБ при ООН , односно да го деградираат во Лигата на Нации – собрани за празни разговори , лишени од инструментите за деjство врз светските процеси ; и како тоа ќе заврши- се запознаени сите.
Но , како да се живее во епоха на промени ? Се е во процес на менување . Се менуваат глобалниот баланс на силите , влиjаниjа во социjалните , економските и технолошките основи во општеството , државата , цели континенти , планетарно ниво. Во минатите епохи , нагласува В.В.Путин , такви предвижувања , практично секогаш биле пропратени со големи воени судири , без кои било невозможно да се изгради новата глобална хиерархиjа. Т.е. воjната е неизбежна , а послевоениот систем не работи ?
НЕ- пишува авторот на статиjата – и повторно им одава почит на , Големата троjка ,.
Но, за да може системот создаден од ,троjката , да ги одржува безбедносните механизми , тоj треба да се усоврши. И денес , како и во 1945 година , важно е да се покаже политичка волjа и заедно да се разговара за иднината.
Всушност , рускиот претседател им предлага на Си Цзинпин , Трамп , Макрон и Џонсон да се подигнат на нивото од Сталин , Рузвелт и Черчил, напоменуваjќи при тоа , за согласноста коjа веќе ја изразиле за предлогот : Оваа година да се одржи прва во историjата средба на , Големата петка, ( при jануарската средба во Ерусалим) . В.В. Путин очекува таква лична средба да се случи при првата таква прилика.
Дали средбата во овај формат , ќе ги исполни условите за споредба со Jалта 1945, е прерано да се оцени. Но, би значела одговорност ( не само пред своите нации ) , важен чекор кон релативно стабилизирање на меѓународната турболентност ( засилена со здравствената криза ) .
Рускиот претседател е решен да jа земе врз себе одговорноста за носење решениjа. Неговото искуство , како и полната власт , Кинескиот претседател , исто така , ја осознава сериозноста на моментот. Можеби , Големата троjка , ќе ја зголеми меѓусебната доверба со американскиот претседател . Очигледно , французот Макрон е промовираниот нов лидер на ЕУ.
Западните лидери , имаат проблеми со мандатите за преговори, но сепак важно е да се направи првиот чекор , за да не се наjдеме во ситуациjа коjа ќе налага ваква средба , во услови слични на тие , под кои преговараа : Сталин , Рузвелт и Черчил.
Политичкиот ,габарит, на личностите игра улога , но историскиот , габарит , на времето се jавува како предизвик со сила на коjа не може да и одолее автентичниот и духовно силниот лидер.
Зоран Курљан