Македонија

ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ : Како припадник на македонскиот народ, државјанин на Република Македонија и редовен плаќач на даноци и обврски кон државата, згрозен сум, но не и изнендаден, од сознанието дека сме биле предмет на следење и прислушување од страна на УБК поради ТЕРОРИЗАМ!

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ПО ПОВОД АФЕРАТА „АТЛАНТИК“. Како припадник на македонскиот народ, државјанин на Република Македонија и редовен плаќач на даноци и обврски кон државата, згрозен сум, но не и изнендаден, од сознанието дека сме биле предмет на следење и прислушување од страна на УБК поради ТЕРОРИЗАМ!

Во 21 век, 2018 година, УБК сеуште функционира по систем и матрица како од 1946, само што денеска УБК е Евро-Атлантик, па е интегрирана со најголемиот центар за прислушување во југоситочна европа, американската амбасада, како и добар дел од западните служби, кои денеска се длабоко навлезени во МВР.
Срамно, жалосно, фашистички е што продолжува кршењето на основните човекови права на Македонците, кои во број поголем од 200 000 биле предмет на тајните служби за македонизам, на очигледно анти-македонска држава од 1946 до денес .
Да потсетиме, денеска во затворите на оваа Северна антимакедонска креација и чудовиште, лежи внукот на Методија Андонов Ченто, Јане Ченто, но и многу други Родољуби, преку иста конструкција, на истата служба.

„Според позитивните прописи во Република Македонија неовластеното снимање, прислушкување и тонско снимање е строго забрането и е предвидено како кривично дело во Кривичниот законик на РМ. Следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации, следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории може да одреди само судот како посебна истражна мерка според строго утврдени услови“

Како што можеме да видиме предмет на операција „Атлантик“ се луѓето кои се вклучени во организирање на Бојкот на Референдумот, кој остана единствена алатка на обичниот народ во одбрана на својата земја, против медиумското едноумие кое владее во окупираната Македонија, моќта на полнење на кутии, фалсификување на резултати и комплетно служење на сите општествени системи на падната длабока западна империја.

Зарем Бојкотот е Тероризам ?

Наместо УБК да го штити уставниот поредок на Република Македонија, кој во континуитет е нападнат од западните служби и нивните инжинери за хибридна војна, платени од надвор невладини организации, како и терористички групации кои и понатаму одземаат македонски животи, вие вашето делување сте го фокусирале на државјани на Македонија, кои немаат казна за погрешно паркирање и кои до последна буква се верни на Уставниот поредок на Република Македонија и неговите АСНОМски антифашистички принципи.
Жална туѓа УБК, УДБА и подобните деца на УДБА, сите денеска дел од општествено политичкиот, научен и економски систем на оваа умрена Северна, умрена поради вашиот пад како луѓе.
Ве жалам, ја жалам вашата беда од живот, вашето вегетирање на овој свет, без идеали, без повисоки цели, без народ, без држава, без татковина, без мајковина.

Ги повикувам сите чесни родољуби во отворена битка, јавна, судска, институционална, домашна, меѓународна, од улица, од камера, од микрофон, од перо, од срце, од душа, за Македонија и нашиот прекрасен македонски народ, да ја клекнеме оваа ретроградна фашизоидна „Северна“ со комплетниот нејзин умрен систем и да ја вратиме нашата прекрасна Република Македонија, ПРАВЕДНА, ЧЕСНА, СВЕТЛА, ИЛЛИНДЕНСКА!

Зоран Јованчев, претседател на „МИР“ и член на претседателството на „Родина Македонија“
(во прилог, страница од досието за тероризам)

Фотографија на Zoran Slavjanski.

Related posts

Leave a Comment