Свет

И Сенаторот Ранд Пол се придружи на повикот за враќање на американските војници од Косово

 

И Сенаторот Ранд Пол се придружи на повикот за враќање на американските војници од Косово

Јас го поддржувам мирот и трговијата со сите. Го охрабрувам Косово да сврти страница и да работи со Србија за траен мир. Време е да ги донесеме нашите трупи дома после толку години таму …напиша Сенаторот Пол на својот Твитер профил како одговор на иницијативата на Дејвид Пердју.

 

Претходно Пердју  исто така повика на враќање на трупите на САД од Косово

“Повеќе од две децении, американските сили помагаат да се одржи мирот меѓу Косово и Србија. Сега, со историски напредок, Косово мора да го стори својот дел и да ги укине сите царински давачки наметнати на Србија. Ако Косово не е целосно посветено на мирот, тогаш САД треба да го преиспитаат своето присуство таму “, напиша Перду на Твитер.

Истовремено синот на американскиот претседател Доналд Трамп вчера на Твитер напиша дека во моментов има 650 американски трупи на Косово и дека е време тие да се вратат дома.

Related posts

Leave a Comment