Свет

Израел го прислушкувал Трамп?

 

Владата на САД заклучи дека во изминатите две години Израел веројатно стои позади распоредувањето на уреди за прислушување на мобилни телефони, пронајдени во близина на Белата куќа и други чувствителни локации низ Вашингтон, сметаат тројца поранешни високи американски официјални претставници.

Сепак, за разлика од слични случаи во минатото, кога се случуваше странска шпионажа во САД, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не ја укори израелската влада, ниту таа земја ќе сноси последици за ваквото однесување, пренесува Бриселски Политико.

Малите уреди, кои можат да ги снимаат содржините на повиците и употребата на податоците на телефон, најверојатно се користеле за да го шпионираат Трамп, но и неговите најблиски соработници и асистенти, рече еден поранешен службеник.

Засега е непознато дали израелските обиди биле успешни.

Наводно, агенти на ФБИ и други разузнавачи кои работат на случајот се убедени дека израелски агенти ги инсталирале уредите.

„Сосема е јасно дека Израелците се одговорни“, рече поранешен разузнавач.

Портпаролот на израелската  амбасада во САД,Елад Штромаер ги негираше овие обвинувања, велејќи дека тие биле крајно бесмислени.

„Израел не спроведува шпионски операции во САД“, рече тој.

Related posts

Leave a Comment