Свет

Израел почна да вакцинира мали деца од 5-11 години, против ковид

ТЕЛ АВИВ – Израел денеска официјално почна да ги вакцинира децата на возраст од пет до 11 години против коронавирус.

Земјата неодамна излезе од четвртиот бран на епидемијата на Ковид-19, а бројот на нови инфекции е релативно мал во изминатите неколку недели.

Апсурдно е што Израел е земја со највисок степен на вакцинација во светот, а епидемијата не запира, туку напротив се зголемува. Прашањето е тогаш, ако вакцините не ја спречуваат истата, зошто таа упорно се форсира, посебно врз деца и тинејџери.

Податоците на локалното Министерство за здравство, наводно, покажуваат дека меѓу новозаразените има многу деца и тинејџери, користејќи ги како алиби за промовирање на вацинацијата на најмладите.

Децата на возраст меѓу пет и 11 години, наводно сочинуваат речиси половина од активните случаи, а властите се надеваат дека новата кампања за имунизација ќе помогне да се намалат и можеби да се спречи нов бран.

Израелските медиуми јавуваат дека на првиот ден од вакцинацијата имало малку барања за примање детски дози.

Вчера беа имунизирани некои деца, бидејќи пред неколку дена им пристигнаа милион дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“, пренесува Бета.

Подоцна денеска, израелскиот премиер Нафтали Бенет се очекува да го донесе својот деветгодишен син Дејвид да се вакцинира во обид да ги охрабри другите родители да го следат неговиот пример.

Во Израел, со над девет милиони жители, повеќе од 1,3 милиони луѓе се заразени од почетокот на пандемијата, а повеќе од 8.100 починале.

Related posts

Leave a Comment