Регион

ИНЦИДЕНТ : Турски ловци во воздушниот простор на Атина

турски авион

 

Два турски борбени авиони Ф-16 влегоа денеска во воздушниот простор на Атина, без да го најават планот за летот.

Турските воени авиони во 12.30 часот го надлетаа островот Липиси на надморска височина од 7.300 метри, јавува АНА.

Грчки борбени авиони ги препознале и пресретнале турските авиони, во согласност со меѓународното право, соопшти грчкиот Генералштаб.

Ова не е прв воздушен дуел меѓу двете држави, во кои во некои од нив имало и жртви. Турски и грчки авион се судрија за време на таканаречениот “dogfight” „над Егејското Море, а во таа прилика загина грчкиот пилот.

Related posts

Leave a Comment