Командантот на Иранската револуционерна гарда, генерал Амир Али Хаџизаде, изјави дека неговата единица прифаќа „целосна одговорност“ за падот на патничкиот авион.
Во своето обраќање на државната телевизија, Хаџизаде рече дека кога дознал за несреќата на авионот, во кој загинале сите 176 патници, тој „посакал да биде мртов“.
Иранските вооружени сили соопштија дека го замениле патничкиот авион за непријателска цел во моментот на иранскиот балистички ракетен напад врз две воени бази во Ирак, каде биле сместени американските трупи.
Во обраќањето на државната телевизија, Хаџизаде, началник на Одделот за воздухопловни сили, исто така, рече дека авионот е соборен од ракета со краток дострел, и дека тие мислеле дека станува збор за непријателска крстаречка ракета наместо патнички авион, бидејќи авионот свртел кон „чувствителниот воен центар“ на Револуционерната гарда .
Нападот беше одмазда за убиството на иранскиот врховен генерал Касим Сулејмани, кој почина во американски воздушен напад во Багдад.
Црните кутии на украинскиот патнички авион, соборен од иранската армија во близина на Техеран, ќе бидат испратени во Франција за декодирање.