Свет

Исламска држава најавува одмазда над Америка поради Багдади

Ilustracija: Getty images/ Defne Karadeniz

Исламската држава потврди дека нејзиниот водач Абу Бакр ел Багдади е убиен во напад на американските сили во северо-источна Сирија и најави одмазда над САД.

Портпаролот на Исламска држава, исто така, се осврна на САД во аудио записот објавен од исламистичката агенција Амак .

 

„Одмаздете се на нивната земја и нивните браќа неверници и отпадници, спроведете ја волјата на командантот од последната аудио порака и приближете се кон Бога преку крвта на многубожците“, рече портпаролот на ИД.

Исламската држава потврди дека е убиен водачот на организацијата, Абу Бакр ел Багдади,како и поранешниот портпарол на  организацијат,Абу ел Хасан ел Муџахир, објави весникот САЈТ. Наследникот на Багдади е Абу Ибрахим ел Хашими ел Кураши.  

Централната команда на американската армија објави фотографии и видеа од операцијата што заврши со смрт на водачот на Исламската држава Абу Бакр ел Багдади.   

Багдади загина кога детонираше самоубистврн елек, додека бегаше во слеп тунел, опкружен од елитни американски специјални сили во скривницата во сириската провинција Идлиб. Тој ги уби и своите три деца. 

Багдади во пораката минатиот месец рече дека дејствијата на милитантите се спроведуваат  секојдневно и повика на ослободување на жените заробени во Сирија и Ирак поради наводни врски со ИД.

Тој исто така рече дека САД и нивните сојузници биле поразени во Ирак и Авганистан, како и дека Американците се „вовлечени“ во Мали и Нигер.

Related posts

Leave a Comment