Свет

Исламските милитанти подготвуваат провокација со хемиско оружје во Сирија

Рускиот центар за помирување соопшти дека милитантите планираат да направат провокација со цел да ги обвинат руските сили за употреба на хемиско оружје во Сирија

 

Милитантите од терористичката група Џебхат ал-Нусра (забранета во Русија) подготвуваат провокација за обвинување на руските војници за употреба на хемиско оружје во Сирија, објави во петокот рускиот центар за помирување на конфликтните страни.

“На почетокот на 17 мај, рускиот центар за помирување на конфликтите страни во Сирија доби информации дека терористите од Џебхат ал Нусра подготвуваат провокација во провинцијата Идлиб. Според жителите на населбата

Серакаб, милитантите на Ал-Нусра подготвуваат провокација со употребата на токсични хемикалии и отпадоци од оружјето на руската авијација, испорачани од други сириски региони. Целта на провокацијата е да ги обвинат руските сили за употреба на хемиско оружје против цивилите во Идлиб “, рече рускиот центар за помирување.

Милитантите планираат да го снимаат нападот за да го дистрибуираат на социјалните медиуми и во западните медиуми, додаде рускиот центар. “Информациите добиени од рускиот центар за помирување од жителите на Серкаб, исто така, беа потврдени од друг независен извор”, истакна центарот.

 

Related posts

Leave a Comment