Свет

Италија: 77.500 евра отштета за смрт предизвикана од ковид вакцина на АстраЗенека

Coronavirus vaccination in the Netherlands for expats and internationals |  The Hague International Centre

РИМ – Италија ќе плати 77.468 евра отштета на роднините на 32-годишната учителка, која почина минатата година поради реакцијата на вакцината против КОВИД 19 на компанијата AstraZeneca, пренесува порталот 24ur, повикувајќи се на италијанските медиуми.

Тоа е прв смртен случај во Италија за кој е докажано дека е последица на вакцинација против Ковид 19 и за кој италијанската држава ќе плати обесштетување.

Франческа Тоскано, 32-годишна учителка, почина во болницата „Сан Мартино“ во Џенова на 4 април минатата година, три дена откако прими доза од вакцината „АстраЗенека“.

Обдукцијата покажала дека смртта на жената се должи на несаканите ефекти од вакцината.

Неколку часа по вакцинацијата, Тоскано се пожали на силни главоболки.

Следното утро родителите ја пронашле во несвест, а таа починала два дена подоцна.

Семејството на починатата сега сака да поднесе граѓанска тужба против италијанската држава поради малиот износ на обештетувањето.

Италијанската влада формираше посебен фонд од 150 милиони евра за исплата на отштета на лицата кои имале здравствени проблеми поради вакцинација.

Related posts

Leave a Comment