Македонија

Италијански медиум објави видео кое ја компромитира Катица Јанева

 

 

Во објавена видео снимка – Боки 13 му кажува на Камчев дека Катица нема да се жали на неговото ослободување од притвор

video
play-rounded-fill

Нов драматичен момент во случајот “Рекет”. Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео снимка како Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев, што е предмет и на истрага во случајот „Рекет“ на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

На крајот на снимката има и телефонски разговор меѓу Боки 13 и Камчев кој фрла ново светло за начинот на кој потоа беше ослободен Камчев од притвор.

Во видето, првин се гледа како се бројат евра сместени во една патна торба, а потоа како Камчев ги испраќа Боки 13 и Зоки Кичеец со торба.

Кон крајот на видеото има и аудиоснимк  на која Боки 13 му потврдува на Камчев дека ќе биде ослободен во понеделник, најдоцна вторник, а Катица Јанева нема да употребува вонредни правни лекови да го одолговлекува овој случај.

Според датумот на снимката, видеото е снимено на 20 февруари годинава, а Камчев со одлука на Врховниот суд беше ослободен од куќен притвор на 4 март.

Транкрипт од аудиоснимката на крајот од видеото:

Боки 13: Во понеделник ќе ве ослободат.

Камчев: Добро.

Боки 13: Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.

Камчев: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник.

Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби.

Камчев: А Апелација?

Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продолжува, да го одолговлекува, понеделник вторник, вие сте на слобода.

Related posts

Leave a Comment