Свет

КАДИРОВ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ЗАРОБЕНИТЕ АЗОВЦИ: Следеше нивна неочекувана реакција (ВИДЕО)

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави снимка од заробени украински војници во Мариупол кои советуваат предавање, ја пцујат нивната влада и се извинуваат.

Кадиров на Телеграм напиша дека, откако биле заробени, украинските војници го осудија нивното раководство, им се извинија на народите на Русија и Украина за антинационалните активности и повикаа на положување на оружјето и предавање, пренесува РИА Новости.

Според Кадиров, третманот на заробените украински војници е „најхуман“ – тие се хранат, им се дава медицинска нега и им се дозволува да контактираат со роднините.

„Никој не пука никого во делови од телото, никој никого не исмејува или убива“, рече Кадиров, додавајќи дека руските сили се против методите карактеристични за, како што напиша, „нацистите“ од украинскиот баталјон „Азов“.

 

Пред неколку дена на интернет се појави снимка на која се гледаат заробени руски војници во Украина кои се застрелани во нозете. Се наведува дека тоа се случило во една од базите на украинските националисти во областа Харков. Москва подоцна соопшти дека руските командоси ги уапсиле одговорните за тортурата на руските заробени војници.

 

Related posts

Leave a Comment