Шефот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека уште еден контингент доброволци заминал во зоната за специјални операции во Украина.
„Стотици храбри воини од различни делови на нашата огромна земја решија да станат дел од руската ослободителна армија“ , напиша тој на својот Телеграм канал.
Според Кадиров, доброволците претходно биле обучени на Универзитетот на руските специјални сили во Гудермес за тактичко гаѓање, како и за борба во шума.
Тој додаде дека волонтерите ги добиле сите потребни знаења и борбени вештини од најдобрите инструктори во Чеченија.
На 23 април, Кадиров објави дека во Украина е испратен одред доброволци .