Здравје

Канада ја ограничува употребата на вакцината на Астразенека поради небезбедност

Советодавното тело за имунизација на Канада се подготвува да испрати препорака вакцината на компанијата АстраЗенека да не се користи за имунизација на помлади од 55 години заради безбедносни причини, објави канадскиот јавен сервис Си-Би-Си.

Тој потег следи после извештаите за одредени случаи на негативни последици од вакцината АстраЗенека во Европа.

Британската агенција потсетува дека министерството за здравство на Канада минатата недела соопшти дека вакцината на АстраЗенека е безбедна и дека се препорачува нејзина употреба.

Претходно, во Јануари оваа година и Британија ја ограничи употребата на вакцината на Астразенека за граѓаните помлади од 55 години. Интересен е фактот дека Македонците кои деновиве масовно се вакцинираат во соседна Србија, во најголем процент ја примаат токму вакцината на Астразенека.

Related posts

Leave a Comment