Свет

Кандидатот на АФД кого Глобалистите го Споредија со Хитлер ја Здроби Партијата на Меркел на Регионалните Избори во Турингија!

Кандидатот на АфД кого Глобалистите го Споредија со Хитлер ја Здроби Партијата на Меркел на Регионалните Избори во Турингија!

 

Главните глобалистички германски партии целосно ја изгубија репутацијата и контролата врз Турингија, пишува Блумберг, а тоа наскоро ќе се повтори и низ цела Германија, во знак на неизбежен пад на неолибералниот поразен модел и во Германија и насекаде во светот. Партијата Алтернатива за Германија (АфД) направени убедлив пробив во регионалните избори во неделата во Турингија, нанесувајќи им тешки загуби на демохристијаните на Ангела Меркел (ЦДУ).

Бјорн Хаке, политичар, кој беше споредуван со Хитлер од страна на германската национална телевизија, го предводеше АфД до второто место во источната држава Турингија со 23,8 проценти, според првичните проекции јавува Дејли Телеграф.

Христијанските демократи на Меркел паднаа скоро 12 процентни поени од 2014 година на 21,8% на изборите за државно собрание во источната држава Турингија, според првичните резултати објавени на почетокот од понеделникот. Ова е досега најлош резултат на ЦДУ кое до недоамна секогаш беше на на првото место на секои претходни избори од 1990 година. Во исто време, популистичката АфД повеќе од двојно ја зголеми својата позиција и  ја победи ЦДУ со 23,8%.

Социјалдемократите, помладиот коалициски партнер на Меркел, исто така, загубија, паѓајќи за околу четири процентни поени на 8,2%. Како резултат, актуелната владечка партија во регионот, Левица, која победи на изборите со 31%, повеќе нема да има доволна поддршка за управување со Турингија со досегашниот сојуз во кој се вклучени и Зелените.

Коложег.Инфо

Related posts

Leave a Comment