Свет

Кандидатот на Макрон за градоначалник на Париз се откажа од кандидатурата поради секс скандал

Кандидатот на Макрон за градоначалник на Париз се откажа од борбата против сексуалната афера

По серијата штрајкови, францускиот претседател Емануел Макрон се соочува со нов проблем, пренесува Вијести.ба.

Кандидатот на неговата партија РЕМ за градоначалник на Париз, Бенџамин Гривеа, беше присилен да се повлече од трката по компромитирачките пораки и видеото на интернет во кое се гледа  човек наводно Гривеа ,како се самозадоволува со пораката „Јас ова утро кога се разбудив “.

„Моето семејство не го заслужува тоа. Никој не смее да биде подложен на ваква злоупотреба“, рече Гриваеа во изјавата по состанокот во изборниот штаб.

Гривеа и една девојка, наводно, размениле фотографии и пораки, сега екс-кандидатот за градоначалник на Париз со три деца и сопругата,  честопати ги спомнуваше за време на кампањата. Инаку, тој не негираше дека испратил пораки.

Иако Гривеа не беше меѓу фаворитите за градоначалник, ова се смета за голем удар за претседателот Макрон, чиј портпарол претходно беше самиот Гривеа. Самото снимање датира од мај 2018 година кога Гривеа беше вршител на должноста портпарол на Макрон.

Тој, наводно, бил мета на рускиот уметник, Петар Павленски, кој го обвини за лицемерие. Павленски и е добро познат на јавноста затоа што ги закова своите гениталии на асфалтот на Црвениот плоштад во 2013 година. Помина седум месеци во затвор, откако ја запали влезната врата во седиштето на Федералната служба за безбедност на Русија. Потоа избегал во Франција каде што добил азил пред три години.

Актуелната градоначалничка на Париз, Ен Хидалго од Социјалистичката партија и кандидат за нов мандат повика на почитување на приватниот живот на кандидатите, а истото го стори и контроверзната претседателка на профашистичкиот Национален фронт, Марин Ле Пен.

 

Related posts

Leave a Comment