Македонија

КАРАКАМИШЕВА БАРА ПОНИШТУВАЊЕ НА ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР И ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Image result for karakamiseva

Професорката Татјана Каракамишева, која предава меѓународно јавно право на Правниот факултет, на својот Фејсбук профил уште еднаш ги повтори своите барања, при што побара голема поддршка.

Таа напиша дека бара поништување на одлуката за избор на Таљат за претседател на Собранието на Македонија, како и сите акти кои се потпишани од него.

Професорката,  вели дека секогаш била на страната на уставноста и законитоста и почитување на законот и поради тоа бара поништување на Охридскиот Рамковен Договор и Преспанскиот договор

„Секогаш сум поддржувала уставност и законитост, секогаш сум била за почитување на Уставот и на законите поради што уште еднаш ги реафирмирам барањата околу кои треба да се здружиме сите:

1. Поништување на одлуката за избор на Таљат за претседател на Собранието на Македонија,

2. Поништување на сите акти кои се потпишани од Таљат,

3. Поништување на геноцидниот Договор од Преспа,

4. Поништување на уставните амандмани за промена на името,

5. Почитување на волјата на граѓаните изразена на 30.9.2018г. за бојкот на промената на името“, напиша таа.

Во продолжение вели дека „референдумска одлука немало , бидејќи граѓаните со бојкот одлучиле да ги казнат сите предатори на Македонскиот народ“.

Покрај тоа бара и поништување на на Законот за јазиците и носење нов закон согласно меѓународните стандарди за малцински јазици.

„Јас имам образ да го побарам ова, бидејќи имам докази дека жестоко сум се борела против сите овие канцерогени постапки и акти донесени на штета на Македонија“, додава таа.

Related posts

1 comment

DLM 30/12/2019 at 14:15

Поздрави до проф. Тања Каракамишева!!!

Со едно дополнување кон барањата,
Носење на декларација во Собрание за отфрлање на Тиран-ската пљатформа, истата да се осуди како чин на агресија на друга држава кон Македонија и Македонците.

Reply

Leave a Comment