Македонија

Каролина Ристова Астеруд : ,, Новото Нормално ” е друго име за Фашизам

Сите нешто заговараат за кривична , прекршочна , ваква-таква одговорност , казни за сите оние кои не почитувале мерки, “негирале постоење на вирусот” ( дали навистина тоа негираат повеќемината , или тоа што вирусот се преставува за тоа што не е?) , па за “ширење дезинформации “ ( дали навистина е тоа , дали секоја е свесно и намерно , или неретко е проблематизирање и скептицизам за диспропорционалноста во реакцијата и мерките?), ама што правиме со следново:
Кои се’ политички и правни квалификации и санкции се релевантни, неретко за лица со позиција или професија која во/ со себе вклучува јавни овластувања, има карактер на јавен сервис или друг облик на уставно определена улога , функција , овластувања и моќ со цели на оживотворување на уставниот поредок , сосе и во однос на слободите и правата на граѓанството, а кои експлицитно , јасно, недвосмислено, сериозно и реално заговараат, повикуваат и/ли практикуваат:
1. “ Во пандемија уставот не важи , треба да се суспендира “;
2. “ Во пандемија не важат човекови права ( а ниту граѓански/државјански, дефинитивно се мисли и на нив), а “нивни евентуални повреди ќе се разгледуваат по завршување на пандемијата (?!?!)”, откога ќе бидат сторени , најверојатно мислат и на оние кои нема да може да се вратат, корегираат, компензираат, а по природата на нештата и нанесената (неповратна!) штета ( цинизмот е со сета намера !);
3. Варијација и/ли дополнување на ова под бр. 2 е “Пандемијата е како војна, не важи правото” , иако изгледа на заговарач(к)ите не им е познато дека војната Е правно регулирана , ударно со т.н Хашко право и со т.н Женевско право, а повредите и санкциите се едни од највисокопозиционираните во правната хиерархија. И да, со бајаги набилдана правна пракса , по државите и меѓународно, и со бајаги ефектива во однос на начините, методите и средствата на војување , како и во однос на меѓусебниот третман на завојуваните страни.
4. Собранието (кое единствено, заедно со Претседателот, е директно избрано од нас за да одлучува за нас), ма и политичарите воопшто и топтан , не требало, ма не би смеело воопшто да одлучуваат за правилата и мерките“, и кога се општи за сите, камоли кога се за конкретни поединци и правни лица. Не, не, за сето тоа треба исклучиво монопол да имаат “ здравствените власти” , и тоа само оние специјализирани за вируси и се’ деривативно од тоа, и кои се прикажуваат во јавноста за едногласни, сезнајни , семоќни , совршени , пратеници и пророци на сам Господ Бог, овојпат во форма на лаицизиран и секуларен “Бог на науката”, а кој треба да биде следен како догма од највисок ред , без поговор , прашање , дилема , предизвик , тестирање , алтернатива , емпириски индикатори и проверки , и се’ она другото што е вообичаено и типично за вистинската наука и знаење , а дефинитивно никако избалансирани со други тестови, други нормативни и регулативни императиви и обзири за Животот и човековото животворно и смисловно битисување ( филозофски , правни , етички , економски , ментално- емотивно , естетски , спиритуелни, а богами и елементарни биолошки законитости и функции почнуваат да се негираат, како човек дише и збори , на пример, и колку временски може и тоа да им се негира на луѓето) – сето тоа е врвна анатема и бласфемија за која мора “кривично да се одговара “, а како минимум, линчување јавно по социјални платформи на секој еретик, секако чисто за загревање за тоа што допрва може да следи. Затоа , без никакво сомневање и за се’ другото, нели, за сите економски , правни , психолошко-психијатриски аспекти , за сите други здравствени аспекти , ма се’ друго познато како знаење , наука , искуство , вештина и занает , ма за се’ покриено со сите други природни, општествени и социјални науки и експертизи , и со јасна импликација дека сите овие други облици на експертиза, исто така , се суспендираат како нерелевантни, ма како “лажни пророци “ кои тераат на застранување . За граѓанството како суверен ич муабет да не правиме, за негово добро е сето тоа рамнење со нула и претворање во безгласна буква, нешто демек слично како убивање со гушење од премногу љубов и грижа.
5. Варијација под бр.4 се барањата за елиминирање на избраната и институционализираната опозицијата, опозицијата воопшто , сосе одземање или ограничување на слободата на говорот , во најекстензивна форма и надвор од сите воспоставени правни правила , правни стандарди и правни пракси за тоа пред – Ковид . Сето тоа е невиден луксуз и вишок – да, дефинитивно, да се елиминира или сведе ептен, ептен на декор, кој како и граѓанството ништо не смее да се прашува, ништо не смее да каже, за ништо да се консултира, камоли да влијае и да учествува во одлучувањето. Индикативно , (право)судството воопшто не се ни спомнува , најверојатно се смета дека самоабдицирало, а по екстензија , и самото граѓанство да адресира за се’ ова натаму т.е во тој институционален правец , како што се’почесто гледаме од споредбеното искуство.
Со други зборови , може ли една контраофанзива ( политичка, правна , културна ) ПРОТИВ оние кои веќе најотворено , недвосмислено , ептен апла и на ачик, повикуваат , заговараат или веќе практикуваат, со оглед на моќта и влијанието што ги имаат и/ли се подразбираат:
а) укинување/суспендирање/умртвување на уставниот поредок во неговата целосност;
б.) целосно или делумно одземање и/ли ограничување граѓански и човекови слободи и права надвор од правните рамки за тоа “ оти човекови права не важат во пандемија (?!) “;
в.) укинување на изборната односно парламентарната демократија , на парламентарната и институционализираната опозиција , на таа во рамки на политичкиот плурализам, како и на слободата на говорот и другите сателит- слободи и права.
Севкупно , да им се зголемуваат влоговите , цената и трошокот заради експлицитното, недвосмисленото сериозното, конкретизираното и реалното заговарање ( во одредени случаи и практикувањето на ) технократски Ковид -фашизам и се’ што каузално истиот го предизвикува како патологизација на државата , општеството и индивидуалното граѓанство! Ова што се тера по сите горенаведени линии Е заговарање на нов облик фашизоидност или фашизам , несомнено екстремен облик и варијација на технократски авторитаризам, дури и ако и кога го заговараат како “привремен “, со логика на “сексање до пола” или варијација на таа и таква тематика и логика ( ем се’ сексаш, ем си “сексуално невин”).
А богами, треба дебело да се потсетат и дека правото и правната пракса имаат солидна граѓа за потпирање за да се адресира сето ова, и по аналогија на други вакви матрици ( се’ е исто , каузата се менува , таргетираните и таргетираното се различни ), а и се’ другото што им е на располагање на горенаведените таргетирани, секако заради справување , и тоа по сите нишани на владеење на правото во контекст на либерално -демократски правен поредок и држава, сосе и лепеза санкции , сосе и за превенирање на нанесување на конкретна штета или за компензирање и/ли санкционирање за веќе нанесена . Инаку , скраја, ако дојде дотаму, па да мора да преминеме во една друга „пандемија„ попозната како „природна состојба„,, и тогаш можеби ќе добијат и бајаги брутализирана практична лекција и илустрација што точно заговараат и накаде ја тераат. Ги уверувам, ќе го бараат Правото со боринче, со крикови и со молби до Севишниот, ма што се’ не, скраја да стигне работата дотаму, макар и во една минимализирана форма, а не дека нема и споредбени современи примери за тоа, или пак како лекции од историјата, сосе и баш кога е за разно-разни епидемии и пандемии, но овојпат како индуцирана масовна себеповреда .
Да си немате дилема – тоа за “кога ќе помине , тогаш ќе гледаме дали има повреди и штети “, сосе и најапла за слободи и на права на граѓанството, сето составено од живи и конкретни индивидуи , Е активно заговарање и поддршка на нанесување токму на такви повреди и на такви штети , без криење , иако ѓомити рационализирано и јавно оправдувано со “ нема човекови права во пандемија “ (алооо, тоа ни најгрозни диктатори во 21 век така апла не викаат, напротив, убедуваат во спротивното!). Ако веќе апла си се кажува , без криење , треба ли се’ другото и следното да се (на)црта?! Впрочем, имаме и искуство од пролетните месеци , но изгледа не наиде на многу отпор, правен и друг предизвик , и сега си се раскрилува и раскрилува .
И, конечно, не, не се залажувајте, за разлика од природните вируси кои се најпрости и немислечки форми на жив свет , без некоја агенда и поента , без интереси, идеологии и вредносни матрици , овие се обратно од тоа. Имено , ептен свесни и мислечки, а со тоа и далеку , далеку пожилави и поопасни, и бајаги подолготрајни, а и со такви апетити. Тоа што не се кријат веќе во однос на што точно заговараат треба ептен , ептен да ве загрижува , и ептен , ептен да ве држи будни , претпазливи , со активирање и мобилизирање на сите и севкупни слободарски и либерално -демократски политички бели крвни зрнца што ги имате. Не, не може веќе да се оправдува и припишува (за мене лично, ниту претходно, само на лично ниво за разбирање, но дефинитивно не како политички став и нарација кои јавно може и треба да се заговараат и да кројат политики и право) на тоа дека се наводно навлечени на афект и на страв, ниту се само склони кон паничарење или хипохондрија, ниту се само склони кон некаква екстремно непропорционална драматизација, ниту е сето тоа само криење и бегање од одговорност за други предегзистентни или актуелни пропусти во однос на здравствениот систем и состојбите на индивидуалното и јавното здравје, системски и секакви други , секако на штета на граѓанството – не, многу, многу повеќе е од сето тоа. И тоа бајаги прозаично и предвидливо, како прашање на опортунитет кој вирусот го даде на сериозни авторитарни матрици кои претходно се билдаа ( некои ќе речат , од Постмодерната), а некаде, како кај нас , на пример ,и претходно присутни и жилави, но закопани како општествени и изрезилени талози , а кои не можеа да дојдат баш до израз , и секако сега заради добиениот опортунитет си тераат до каде може да се оди, што се’ може да помине “во име на борбата со вирусот”, сето тоа олеснето со копи-пејст во време на социјални мрежи и “глобално село” и со индуцирање масовна општествена , политичка и индивидуална психоза. И не, нема да заминат со матрицата им заедно со короната и Ковид -19, ако им дозволиме да го метастазираат и патологизираат системот, сета држава, општеството, секоја индивидуа, се што ни е мило и драго. Како што велат по нивното им мило и драго, ТОА и ОНИ би станале нашето „ново нормално„.

 

Related posts

Leave a Comment