Македонија

Кацарска згрозена од изјавата на колешката Стефанова

Судијката во Основен суд Скопје 1 Добрила Кацарска денеска извести дека се обратила до Судскиот совет во врска со сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Рекет“ во кое таа го спомена нејзиното име. Таа во писмото објаснува дека и досега имало напади кои„ стоечки, достоинствено“ ги трпела, но она што го кажала Стефанова било „кулминација“, пишува РСЕ.

„Бев згрозена од ваквата изјава, односно од нејзиното сведочење со оглед да се работи за целосна невистина бидејќи во ниту еден момент не само што нејзе не сум и се јавила, а најмалку пак сум и вршела притисок, туку апсолутно неточно е дека сум и пуштила некој нејзин колега обвинител“, пишува Кацарска.

Во своето сведочење во случајот „Рекет“ обвинителката Стефанова која го води случајот „Империја“ во кој е осомничен бизнисменот Јордан Камчев, рече дека судијката Добрила Кацарска, преку колега вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Камчев.

Related posts

Leave a Comment