Свет

Киев планира да се евакуира во случај на целосно затемнување

КИЕВ – Украина планира да евакуира три милиони граѓани на Киев во случај на целосен прекин на електричната енергија во главниот град, пишува Њујорк Тајмс.

Околу 40 отсто од енергетскиот потенцијал на Украина беше оневозможен во руските напади врз критичната енергетска инфраструктура. „Градските власти поставуваат околу 1.000 јавни центри за греење кои можат да служат и како бункери, додека инженерите се обидуваат да ги поправат оштетените електрани без потребните резервни делови“, рече Роман Ткачук, директор за безбедност на Киев.

Украинската национална енергетска компанија вчера објави дека ќе продолжи со прекините на струја во седум региони за да се обиде да спречи целосен колапс на мрежата.

„Ако нема струја, нема да има ниту вода, ниту канализација. Затоа Владата и градската администрација ги преземаат сите можни мерки за заштита на нашиот систем за напојување“, нагласува Ткачук.

Тој наведува дека во случај Русија да продолжи со вакви напади, Украина може да го загуби целиот електросистем и посочува дека во случај на колапс јавноста ќе биде навреме известена за да може да го напуштат Киев, пренесуваат медиумите .Ткачук вели дека ситуацијата засега е под контрола, но предупредува дека во секој момент може да се промени.

Related posts

Leave a Comment