Американскиот генерал Марк Мили им рекол на официјалните лица дека Киев може да падне во рок од 72 часа доколку се случи целосна руска инвазија на Украина.
За време на брифингот зад затворени врати на 2 и 3 февруари, Мили рече дека руската инвазија на Украина во целост може да резултира со смрт на 15.000 украински војници и 4.000 руски војници.
Неколку американски законодавци изразија загриженост дека администрацијата на Бајден не реагирала брзо за давање значителна воена помош за Украина, како што е противвоздушен и ракетен систем за одбрана од руска инвазија.
Официјални лица од администрацијата на Бајден одговорија на оваа загриженост на состаноците, велејќи дека значителен износ на воена помош за Украина може да се искористи како причина за инвазијата на Украина.
Украина доби 200 милиони долари финансиска помош од САД, додека 600 милиони долари пристигнаа од Обединетото Кралство и балтичките држави.
На брифинзите присуствуваа неколку претставници на администрацијата на Бајден, меѓу кои државниот секретар Ентони Блинкен, секретарот за одбрана Лојд Остин, директорот на Националната разузнавачка служба Аврил Хејнс и генералот Марк Мили, објави Фокс њуз.