Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено денеска, кинескиот амбасадор во Москва Џанг Ханхуи го обвини Вашингтон дека „втурнал Русија во ќош со постојаното проширување на НАТО“ и дека „ги поддржува силите кои сакаат да ја усогласат Украина со ЕУ, а не со Москва“.
„Како иницијатор и главен двигател на кризата во Украина, Вашингтон истовремено воведе сеопфатни санкции без преседан кон Русија и испрати оружје и друга воена опрема во Украина“, рече Џанг.
„Крајната цел е да се истроши и разбие Русија со долга војна и санкции“, рече кинескиот амбасадор.