Свет

Кина и воведе санкции на Америка

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека ја стопирало ревизијата на барањата за воени бродови и авиони на САД да го посетат Хонг Конг како одговор на законот донесен во Конгресот за поддршка на демонстрантите на таа територија.

Во соопштението се вели дека кинеската администрација исто така ја санкционирала американската невладина организација „Хјуман рајтс воч“ за поддршка на екстремни и насилни активности во Хонг Конг.

Минатата недела Кина најави „цврсти контрамерки“ доколку САД продолжат да се мешаат во настаните во Хонг Конг.

Американскиот претседател Доналд Трамп, минатата недела потпиша декрет за поддршка на демонстрантите во Хонг Конг.

Трамп ја потпиша Уредбата за човекови права во Хонг Конг, по речиси едногласната поддршка во двата дома на американскиот Конгрес.

Уредбата ќе му овозможи на Вашингтон да воведе санкции или дури, да го суспендира специјалниот трговски статус на Хонг Конг за наводна злоупотреба на човековите права од кинеските власти.

Related posts

Leave a Comment