Свет

КОНАШЕНКОВ ПРЕДУПРЕДУВА: Русите добиваат лажни покани за мобилизација – доаѓаат од Украина

 

Министерството за одбрана на Русија ги негираше наводите дека воените комесаријати повикувале резервисти, рускиот воен оддел нема такви планови, изјави портпаролот на воениот оддел, генерал-мајор Игор Конашенков.

Како што прецизираше, во последните неколку дена многу мажи во Русија добиваат лажни телефонски повици во кои телефонска секретарка ги известува дека мора да се пријават во воен комесаријат. Тој посочи дека вакви лажни покани се прават од територијата на Украина.

– Тоа апсолутно не одговара на реалноста и се работи за провокации на украинските разузнавачки служби – рече Конашенков.

Related posts

Leave a Comment