Свет

Корона Фашизмот чука на вртите на Франција: ,,Здравствената” парадржава бара задолжителна вакцинација на населението постаро од 12 години со mRNA вакцините на Фајзер и Модерна

French health minister warns Delta strain could cause new summer Covid wave

Здравствено фармацефтската парадржава во Франција бара под итна задолжителна вакцинација на сите граѓани постари од 12 години, под изговор на новиот надоаѓачи бран на пандемијата

Врховниот здравствен совет на Франција (ХАС) препорача задолжителна вакцинација против ковид-19 да се воведе без одлагање за сите здравствени работници и други професионалци кои доаѓаат во контакт со лица подложни на корона вирусот.

Француската влада внимателно ги следи препораките на ХАС, кој вклучува совети да се дадат што е можно повеќе вакцини Pfizer или Moderna врз основа на информациската mRNA, бидејќи тие се поефикасни и го забавуваат ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот , според извештајот на Ројтерс.

– Иако бројот на нови случаи е помал, а со тоа и притисокот врз здравствениот систем, трендот на ширење на епидемијата во Франција е силен и наскоро може да резултира со сеопфатно влошување на епидемиолошката состојба – се вели во соопштението на ХАС.

Во понеделник се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да и се обрати на нацијата за епидемиолошката состојба и стратегијата на француската влада за спречување на четвртиот бран на епидемијата, за која многу научници тврдат дека е неизбежна.

Денес, Националната медицинска академија, француско лекарско здружение, изврши притисок врз властите да наметнат задолжителна вакцинација за сите лица постари од 12 години.

Слични препораки може да се слушнат од ХАС, каде што велат дека владата треба да започне да размислува за воведување на задолжителна вакцинација за целото население.

Воведувањето на задолжителна вакцинација е директно загрозување и кршење на човековите права на избор и слобода па одтука се наметнува заклучокот дека таквата натредба е почеток на тоталитарен фашизам во општеството.

 

Related posts

Leave a Comment