На американскоиот носач на авиони Теодор Рузвелт, 550 морнари позитивни на коронавирус
Уште 103 морнари од носачот на авиони УСС Теодор Рузвелт се позитивни на коронавирусот, што значи дека вкупно 550 лица се заразени на бродот закотвен кај островот Гуам, објави во неделата морнарицата на САД. До саботата, биле тестирани 92% од 4.600 членови на екипажот.
Капетанот кој предупреди на епидемијата е отстранет
Носачот стана тема на светските медиуми откако капетанот Брет Крозиер на 31 март испрати писмо до претпоставените во кое бараше помош заради епидемијата на бродот. Кога писмото излезе во јавноста, Крозиер беше заменет. Тој беше во право во однос на обемот на епидемијата и подоцна и самиот беше позитивен на тестот.
Морнарите од носачот му ракоплескаа кога последен пат го напушташе бродот.Командантот на морнарицата Томас Модли во понеделникот го укори Крозиер и го нарече „пренаивен и глупав“ да биде капетан на носач. Тоа не понима добро во јавноста и поради тоа Модли си поднесе оставка во вторникот.