Свет

КОСАЧЕВ: Русија се повеќе е убедена дека американските биолаборатории во Украина имале воени цели

China Asks US To Disclose Info On Pentagon's Alleged Biological Labs In  Ukraine

ПОДАТОЦИТЕ собрани од Руската парламентарна истражна комисија укажуваат на малигната природа на американските биолошки истражувања во лабораториите во Украина, изјави денеска Константин Косачев, потпретседател на Горниот дом на рускиот парламент.

– Информациите што стигнуваат до нашата комисија се повеќе потврдуваат дека активностите на САД на полето на биолошките истражувања се малигни, изјави Косачев пред новинарите, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека Русија се повеќе е убедена дека Американците „свесно се обидувале да создадат услови за проектирање на нивната воена моќ што ќе им донесе предности и ќе ги отстрани пречките, од нивна перспектива, за нивните интереси, за реализација на нивните планови за експлоатација на светот“.

Related posts

Leave a Comment