Колумни

КОСТА ЈОВЧЕВСКИ ЧЛЕН НА ИО – РОДИНА МАКЕДОНИЈА : GRAECA FIDES-NULLA FIDES

“Мојата заштита е во Бога… Тој ќе го наостри Својот меч, ќе го оптегне и ќе го приготви Својот лак. Тој приготви против нив смртоносни оружја, ги прави огнени Своите стрели. Ете, злотворот зачна неправда, заноси нечесниот и роди измама. Ископа ров и го продлабочи, и падна во јамата што ја ископа. Неговата нечесност ќе се врати врз неговата глава и неговото насилство ќе падне на неговото теме”. (Псалми, 7:10-16)

Господе, се исполни зборот Твој. Тука се, под Тебе, злотворите, нечесните и измамниците. За светот се тие Грци… Име кое им е за денешна употреба, зашто во своето историско лутање не би знаеле како поинаку денес да се наречат. По потреба биле и Данајци и Хелени и Ромеи, а сега би сакале да ја остварат својата исфрустрирана дамнешна желба да им се овозможи да бидат барем за миг и Македонци! Не со вистината, туку повторно со помош на оние кои ги извлекоа од безначајноста и од калта на нивната ништавност и кои им ја напишаа нивната “голема” историја. Грчката сомнителна вредност роди неправда, а неправдата се насочи кон нас Македонците. Тоа е методот на аргументирањето на нивното сомнително потекло, тоа е вообичаениот метод на дејствување на сите оние кои во својата генеалогија имаат безброј чудни случувања, но кои својата “големина” ја бараат во туѓото заштитништво. Затоа и не им паѓа посебно тешко таквото однесување, зашто во тоа ги поддржуваат оние кои во Твое име произведуваа војни, а колежите и ѕверствата им беа особено близок метод на дејствување… Оние кои пишуваат туѓи истории како свое право: сами измислуваат, сами се воодушевуваат и не тераат и нас и сите други кои не влегуваме во нивната опасна мрежа, да бидеме толку будалести, бидејќи треба да им поверуваме: доволно било тоа што се земји на европската демократија! Масонската параноја дека името македонско треба да исчезне, силно ја чувствуваме. Се прашуваме, дали ни вреди вистината, кога со неа одиме бестрага? “Бестрага” е вистинскиот збор зашто е полош и од смртта… Зашто тие не сакаат да умреме, тие сакаат да исчезнеме, да не снема: и народот и историјата и културата која токму овој македонски народ ја создаваше, за да му служи на светот и да му биде пример… И за да апостолот Павле така силно го воздигне и пофали тој  македонски народ за посветеноста кон Тебе. А, Ти молчиш, ја гледаш неправдата што ни ја прави душманот наш. “Зошто Господи стоиш далеку, се криеш во време на неволја? Од гордоста на нечесните се измачуваат бедните; нека се фатат во сплетките што ги замислија” (Псалми, 10:2-3).

Зарем лажел оној кому Ти му даде Божја моќ за откривање на вистината и за убавиот збор? “Се плашам од Данајците (Грците) и дарови кога носат”. Тоа го рекол Вергилиј во својата “Енеида” и го овековечил тројанскиот (пелазгиско-словенско-македонскиот) свештеник Лаокон кој, и не знаејќи до каде ќе одат грчките измамништва, ја дефинирал вредноста на моралниот код(екс) на античките Грци, а чија веродостојност подоцна ќе биде многупати проверена и потврдена. Вергилиј не можел многу да погреши, зашто пред и околу себе се уште ја имал присутната хеленска “култура”. Погрешиле ли Латините кога на грчкиот колективен карактер му се спротивставиле со изреката: Graeca fides-nulla fides? Совршено им било јасно кои се и што се нивните современици-античките Грци, кога за грчката вера сметале дека е никаква вера! Впрочем, Латините имале повеќе причини така да се изјаснат за оние кои во тоа време им биле далеку посериозни непријатели, отколку што тоа им биле Грците, но својата одвратност ја насочиле токму кон оние од чии гнасни игри се згрозувале. И, пак старите Латини за “пронаоѓачите на Европа”, за “мудрите Грци”, огорчени на нивната нечесност и мамење, ја создале шеговитата вистина: “На грчките календи”! Нешто ќе може да се добие или оствари тогаш кога Грците ќе го исполнат ветеното, што за Латините значело-НИКОГАШ!

Ете, тоа се, Господе, оние на кои Ти им овозможуваш незаслужен спокој денес; спокој кој им дава за право да ја извртуваат, превртуваат и прогонуваат Твојата вистина, се уште не слушајќи го изговореното од сопствената моќност преку Твоите пратеници: “Тие (Македонците) поминаа низ големи искушенија и низ многу неволји, но нивната радост е толку голема што, и покрај нивната голема сиромаштија, тие се многу дарежливи” (Апостол Павле, Второ писмо до Коринтјаните, 8:2). А, на Грците во Коринт, Апостолот им се обратил на ваков начин: “…кога овојпат ќе дојдам, нема да ве штедам” (исто, 13:2), зашто: “Се плашам дека кога ќе дојдам кај вас, нема да ве затекнам онакви какви што сакам да бидете, поради што ни јас спрема вас нема да бидам онаков каков што вие би сакале да бидам. Се плашам дека меѓу вас ќе затекнам кавги, љубомора, лутина, соперништво, озборувања, омаловажувања, самобендисаност и безредие” (исто, 12:20). На светиот апостол Павле, гледајќи го колективниот грчки карактер, му било јасно дека кај Грците не можел да очекува ниту искреност ниту посветеност во нивниот однос, а уште помалку – вера! И, како можел да најде вера во таква средина во која тогаш, само во градот Коринт во храмот на божицата Афродита, имало 1000 проститутки! Да се потсетиме: заради сличниот разврат и неморал, Содома и Гомора биле уништени со огнен сулфурен дожд! Нашите, пак, “мудри пронаоѓачи”-Грците, наместо да ја добијат заслужената и сосем предвидлива казна – добија награда! Дојдоа лигави Бајроновци да им воспеат химни на измамниците! Можеби, за Французите, Англичаните и сличните на нив т.н. Европјани, Грците се и навистина пронаоѓачи, зашто во библиските текстови тие се невидливи и како такви безначајни за културата и цивилизацијата во поширока смисла. Затоа тие немаат проблем да и се восхитуваат на “Грчката вера” и “големина”. Којзнае дали им е познат делот од “Географија”-та на Гркот Страбон (I век п.н.е.-I век), кој пишува дека на територијата на денешна Велика Британија, во I век од новата ера, затекнал човекојадци! Каква коинциденција со културно-цивилизациските случувања во тоа време: токму во периодот кога апостолот Павле и македонскиот народ создавале терен за културено и цивилизациско воздигнување на денес културната Европа, таму шетале човекојадци! Што може да се очекува од оној, во случајот Европа, кој своите вредносни пратемели ги бара во јадењето на луѓе… Нешто што и до ден-денес не е значително променето, освен во методите што, секако, е резултат на нивното “културно” еволуирање, односно “созревање”.

И, затоа, најверојатно, толку многу им се блиски Грците, та меѓусебно се наградуваат и се помагаат. И, затоа, Грција, земја на библиското кавгаџиство, разврат, омраза, озборување… бара поткрепа во современите земји на скротени човекојадци. И, затоа, пак, овие така сесрдно му возвраќаат на својот културно-историски ментор и инспиратор, зашто подобар и не заслужуваат. Што вредат гореспоменатите поговорки и пословици кои се однесуваат за ментално-психолошкиот лик на Грците?  И, што вреди што најголемиот дел од карактеристикте искажани од нивните умни современици, па и апостоли, се и до денес на сила?

Со Господ започнав, со Господ сакам и да завршам. Ако си Господе справедлив, тогаш прашуваме загрижено: дали судбината на двата палестински градови, ќе ја стигне и Грција, земјата и народот измамнички, развратен, кавгаџиски, арогантен, дрзок и злобен! И, не помалку загрижени сме да дознаеме, не само дали тоа навистина ќе се случи, туку и кога?

КОСТА ЈОВЧЕВСКИ ЧЛЕН НА ИО – РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Related posts

Leave a Comment