Екрем Имамоглу, кандидат на главната опозициона Републиоканска народна партија за градоначланик на најголемиот турски град Истанбул, изјавил денеска дека според странските податоците на партијата има 25.158 гласови во однос на Биналиј Јилдирим, кандидат на партијата за правда и развој, чиј лидер е турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Се наведува дека Имамоглу исто така рекол дека Врховниот избор совет на Турција внел 99,95 отсто од гласовите на Истанбул во компјутерски систем, кој покажал дека неговата разлика во однос на Јилдирим е поголема и дека изнесува 25,7555 гласови.
Претседателот на врховниот изборен совет на Турција, Сади Гувен претходно објавил дека Имамоглу има 4.159.650 гласови, а Јилдирим 4.131.761 глас, не кажувајќи колку проценти од гласовите се пребројани.
АП вчера ја пренесе изјавата на турскиот претседател, кој и сам бил градоначалник на Истанбул, метрополата во која живеат 15 милиони луѓе, дека победата е од клучна важност и дека „кој ќе победи во Истанбул, ја освојуте Турција“.
Американската агенција денеска објави дека Ердоган проглсил победа на локалните избори, иако неговата партија изгубила контрола во престолнината Анкара, првпат после 25 години, а неизвесно е кој ќе победи и во најголемиот град во земјата, Истанбул.