Која моќ ја има бел маж, хетеросексуалец, без попреченост, христијанин кој копа у контејнер за да јаде? Дали тој има повеќе моќ од министерката Царовска која седи у власта и диригира политики само затоа што е жена?
Овој потег не е никаква редистрибуција на општествени средства и уште помалку има врска со социјална правда. Баш напротив овака се дефокусира од вистинската борба за социјална правда! Зошто што вистинската моќ во едно општество не зависи од родовиот или од било каквиот општествен идентитет туку зависи од општествениот статус тоест од класата!
Идентитет политиките и Транс движењето не се шират олку агресивно затоа што и излегуваат на патот на моќта. Да беше така ќе си останеа маргинални движења. Баш обратно, се шират вака агресивно затоа што се доминантно форсирани и финансирани од најголемите центри на политичка моќ! Тие не се борат против владејачката класа туку само ја диверсификуваат.
Борис Крмов – Член на президиумот на Левица