Свет

Кралицата го одобри законот за Брегзит

Фото: ЕПА-ЕФЕ / WЕ ОЛИВЕР

Кралицата Елизабета Втора официјално го потпиша актот за Брегзит во кој ги наведува условите за излез на Велика Британија од Европската унија на 31 јануари.

Предлог-законот за Брегзит беше одобрен од парламентот на Велика Британија претходно оваа недела, откако Долниот дом ги отфрли амандманите поднесени од Домот на лордовите.

Британскиот министер за Брегзит Стив Баркли ја објави веста на својот профил на Твитер.

„Нејзиното Височество кралицата даде согласност на законот за Брегзит, кој според тоа стапува на сила. Законски гледано, ова и овозможува на Велика Британија да ја напушти ЕУ на 31 јануари“, напиша Баркли.

 

Related posts

Leave a Comment