Свет

Кралицата Елизабета со поддршка за Борис Џонсон

ЕПА-ЕФЕ / effеф Ј Мичел

 

Лондон – Приоритет на британската влада е да ја напушти Европската унија на 31 октомври, изјави во понеделникот кралицата Елизабета Втора.

Говорејќи пред парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на владата, кралицата го поддржа планот на премиерот Борис Џонсон „да работи на ново партнерство со Европската унија, засновано врз слободна трговија и пријателска соработка“, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека британската влада по напуштањето на ЕУ ќе обезбеди земјата да продолжи да има водечка улога во светските текови и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси, пренесува Би-Би-Си.

„Мојата влада ќе биде во првите редови на решавање на најсложените меѓународни безбедносни проблеми“, рече кралицата.

По говорот, кралицата Елизабета Втора се врати во Бакингемската палата,поранешната премиерка Тереза ​​Меј беше меѓу присутните во парламентот.

 

Related posts

Leave a Comment