Турција не се придржува до договорот за прекин на огнот затоа што не ја орекина опсадата на клучниот град во северо-источна Сирија, Рас ал Аин, соопшти Командата на сириските Курди.
Сириските демократски сили го повикаа американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој посредуваше во договорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, да влијае врз Турција за да го испочитува петдневниот договор за прекин на огнот.
АП наведува дека пограничниот град е тест за спроведување на договорот, кој предвидува повлекување на курдските сили од областа.
Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека сириските бунтовнички сили поддржани од турските сили, спречиле конвој на медицинска помош да влезе во Рас ал Аин вчера.