Вашингтон нема да може да и го одземе гласот на Москва во меѓународните прашања и да ја принуди да ги почитува правилата измислени од САД, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Тие го постигнуваат она што одамна го најавија, дека Русија мора да си го знае своето место, Русија нема право на свој глас во меѓународните прашања, Русија мора да се придржува до правилата што ги измислија САД. Мислам дека тие многу добро разбираат дека нема да успеат – изјави Лавров за телевизијата „Русија 1“.
Претходно, рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов изјави дека пумпањето на Киев со американско оружје е патот до директна воена конфронтација меѓу најголемите нуклеарни сили и ќе има непредвидени последици.