Свет

Лавров: Иран го собори украинскиот авион од страв од американските Ф-35-ки

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Иран случајно соборил украински патнички авион во време кога се плашел дека напредните стелт авиони на САД  ја надлетуваат областа.

придружува”Во тоа време имало најмалку шест американски Ф-35 во воздухот околу границите на Иран. Оваа информација не е потврдена, но сакам да се истакне тензијата што ја предизвикуваат ваквите ситуации”, рече Лавров, пренесува Ројтерс .

Иранско соборување на авион на украинска компанија , во кој имаше 176 лица, предизвика протести во земјата, откако  војската призна дека случајно го срушила авионот.

Говорејќи на прес-конференција во Москва, Лавров рече дека инцидентот е човечка грешка и дека не се обидува да оправда никого.

Сепак, тој потенцира дека е важно да се разбере контекстот и дека инцидентот се случил неколку часа по нападот на Иран врз американските бази во Ирак, кога Иран бил предупреден за можната реакција.

„Има информации дека Иранците очекувале нов напад на САД, но дека не знаеле во каква форма може да следи“, рече Лавров.

Related posts

Leave a Comment